Родители на деца од ФК „Шкупи“ влегоа на терен и тешко повредија две деца – фудбалери на штипска „Брегалница“

Невиден инцидент на младински фудбал се случи денеска во Штип на натпреварот меѓу фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ генерација на фудбалери (2009-2010) година. Родители на фудбалери од „Шкупи“ влегле на теренот во последните минути од натпреварот и со боксови ги нападнале младите фудбалери на „Брегалница“. Две деца од 15 години завршија во болница. Едното, според информациите од родителите, има скршена нога, другото повреди на главата.

Публиката во Штип, но и целата фудбалска јавност е шокирана од однесувањето на родителите, кои влегоа на терен откако еден од фудбалерите на „Шкупи“ добил црвен картон.

„Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

Александар Иванов генерален секретар на ФК „Брегалница“-Штип во изјава за МИА вели дека инцидентот се случил при крај на натпреварот на 87 или 88 минута, при водството дод 2:1 за „Брегалница“, кога на фудбалер со број 9 од ФК „Скупи“ му бил доделен црвен картон од страна на судијата. 

Реакција на ФК „Брегалница“ – Штип

Бројни се рекациите во јавноста по видеото во кое се гледа почетокот на ицидентот каде родители тепаат деца од противничката екипа.

„До институциите – каде сте? До училиштата и клубовите – што преземате? До сите нас – ќе молчиме ли додека ни растат децата во страв? Бараме одговорност, мерки и враќање на безбедноста во нашиот гра“, пишуваат штипјани.

„Зошто младите спортисти не можат да добијат основни услови за безбедност и непречено натпреварување?  Како е можно на младински натпревар да нема обезбедување, комесар за безбедност или редари кои би го спречиле ваквиот упад? Гаранцијата за сигурноста на децата, кои треба да играат без страв на спортскиот терен, остана целосно изостана. Инцидентот фрла сенка врз спортскиот дух и уште еднаш ја отвора темата за потребата од построги мерки на безбедност на спортските терени во градот“, реагираат граѓаните.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ