Горан Марковски – Деканот на Градежниот факултет влегува во трка за градоначалник на Скопје

По антикорупционерката Билјана Ивановска, „Независни заедно“ промовираат уште едно име, овој пат за градоначалник на Скопје. Деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Горан Марковски ќе биде промовиран утре како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржан од Граѓанската платформа „Независни заедно”.

Професор Марковски оваа Граѓанска платформа го најавува како истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје.

„Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот. Ова претставување е дел на поширока граѓанска иницијатива што ќе ја врати довербата во институциите и ќе покаже дека промена е можна доколку заедницата стои обединета и граѓанинот е на прво место во политика“, најавуваат од граѓанската платформа Независни заедно, составена од  „Шанса за Центар”,  „Зелените за Гази     Баба” и „Групација 389″.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ