Висар Адеми ќе ја достави својата независна кандидатура за градоначалник на Гостивар

Додека големите политички партии калкулираат со објавувањето на конечната листа со кандидатите за градоначалник на претстојните Локални избори во октомври, независните кандидати и албанските партии отворено излегуваат своите намери и адути.

Денеска во 14 часот во Општинската изборна комисија во Гостивар, меѓу првите, ако не и прв, својата кандидатура за градоначалник ќе ја достави Висар Адеми, кој ќе настапува како независен кандидат.

Висар Адеми е доктор на науки по економски науки, позната јавна личност по своите економски анализи и активен на политичката сцена со своите коментари за политички и економски вести.  Адеми, својата кандидатура ја најави уште во јули и веќе отворено настапува меѓу гостиварчани.

Повеќе независни кандидатури се најавени на албанската политичка сцена. Познатиот струшки бизнисмен, Менди Ќира ќе биде независен кандидат за градоначалник, кого го поддржува ВЛЕН. Струшкиот адвокат Бесник Асани официјално објави дека ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Струга на претстојните избори.

Еден од главните функционери на Алтернатива од Куманово, Месут Бајрами, ја објави својата независна кандидатура за носител на независна листа за Општинскиот совет. Поранешниот градоначалник на Брвеница од редовите на ДУИ, Енвер Пајазити објави дека на претстојните Локални избори ќе настапи како независен кандидат.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ