Стојаноски: Во време на ВМРО-ДПМНЕ економијата оди напред

Растот на реалната плата во периодот јули 2024 – јули 2025 е двојно поголем отколку во целиот седумгодишен период на владеење на СДСМ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешна партиска прес-конференција.

Според него, реалната плата во изминатата година пораснала за 6,7 проценти, додека во периодот од јули 2017 до јули 2024 растот изнесувал 3,5 проценти.

„Реалната плата е вистинската куповна моќ на платата, не номинален износ, туку вредностен. Овој раст покажува дека инфлацијата е намалена, економијата е забрзана, потрошувачката е зголемена, производството расте и довербата во економијата е голема“, истакна Стојаноски.

Тој додаде дека во истиот период просечната инфлација изнесувала 3,6 проценти, наспроти 4,8 проценти во времето на СДСМ.

„Бројките јасно покажуваат дека инфлацијата е стабилизирана и под контрола. Во време на СДСМ добро им одеше само на неколку бизнисмени блиски до власта, кои беа главни тендераши. Во време на ВМРО-ДПМНЕ економијата оди напред, има раст и развој кој го чувствува секој граѓанин“, рече Стојаноски.

Од партијата порачуваат дека „промените ја трансформираат Македонија и државата оди напред“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ