Подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб 

Подметнат е пожар на локалитетот Мушов Гроб, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

– Мобилизација на сите надлежни служби на терен, поради подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб. На местото веднаш интервенираат екипите од ТППЕ Кавадарци, кои со координирани активности работат на локализирање и целосно ставање под контрола на пожарот, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму подвлекоа дека ситуацијата е под постојан надзор се до негово конечно згаснување.

Фото : Фејсбук страница на Јанчев 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ