По наводите на Кедев, ниту еден пациент не поднел претставка – Клековски повика уште еднаш

иректорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека досега немало пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев за можни непотребни хируршки зафати.

-До средата немаше ниту една пријава за евентуална постапка за непотребна операција. Ние повторно ги повикуваме сите пациенти кои се сомневаат, без разлика дали имаат материјали и документи или не, бидејќи најголем дел документите се чуваат во архивите на болниците, да поднесат претставки, рече тој во изјава за медиуми при денешната посета на болницата во Кочани.

Министерството за здравство, во меѓувреме, најави формирање на независна комисија составена од експерти од странство со цел да се утврди дали навистина се вршеле непотребни хируршки зафати во приватните здравствени установи согласно наводите на кардиохирургот Кедев.

МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ