Невообичаен инцидент се случи неделава, кога 30-годишна жена од Босна и Херцеговина
физички нападна возач на ЗЕТ (Загребски електрични трамваи ЈП), кој ѝ реагирал дека не може да помине травајот што го возел, бидејќи таа со своето возило „Ренџ Ровер“ ја блокирала пругата.
Полициската управа во Загреб извести дека по конечното завршување на прекршочната постапка против
Босанката е спроведена управна постапка, во која е донесено решение за нејзино протерување од Република Хрватска.
Според полицијата, постапката е покрената врз основа на член од Законот за странци, а причината за донесувањето на мерката е честото повторување на прекршоците, поради што е оценета како опасност за јавниот ред, пишува „Вечерњи лист“ .
Со одлуката се прекинува нејзиниот законски престој во Хрватска, а исто така ѝ е забранет влез и престој во Европскиот економски простор во траење од три години.
Настанот се случил во центарот на Загреб, пред очите на граѓаните.
„Го извадив телефонот за да ја пријавам во полиција, таа ме турна, опцу и отиде во аптека. Го фотографирав трамвајот кој не можеше да помине покрај нејзиниот автомобил. Вработениот во ЗЕТ излезе и почна да ѝ објаснува нешто, таа го турна со сета сила така што тој падна на подот. Мислам дека дури и го шутна“, сведочи еден од минувачите.









