Уапсени двајца осомничени за подметнување пожар во Кавадаречко

Приведени две лица под сомнение дека предизвикале пожар кај месноста Блато во близина на Тиквешко езеро

МВР соопшти дека вчера (29.08.) во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по преземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, а поради сомнение дека тие предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро,  во атарот на село Куманичево, кавадаречко.

-Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на  интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци, соопшти МВР.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, и се работи на целосно расчистување на случајот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ