Во третата епизода од подкастот „СајберШтит“, темата е како технологијата може да се користи за добро – за хуманост, инклузија и охрабрување на жените во ИТ.
Гостинка во подкастот е Моника Ризовска Таневска– ко-основачка на Ways2Help и амбасадорка на Women In Tech Macedonia.
Од Ризовска Таневска ќе чуете повеќе за:
-Како дигиталните алатки им помагаат на ранливите групи;
-Зошто е важно жените да бидат дел од технолошкиот сектор;
-Како да градиме побезбеден интернет за младите девојки.
Овој подкаст е изработен со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, којшто е имплементиран од Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од С. Македонија и Институт за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Содржината на подкастот е единствена одговорност на Фондација за интернет и општество Метаморфозис и не нужно ги одразува ставовите на Centar za promociju civilnog drustva (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.





