На 3 септември, околу 21:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода 22-годишниот Х.В. од истото место.
Според пријавата, младиот човек во семејниот дом физички ја нападнал својата 40-годишна мајка и својот малолетен брат, при што оштетил и дел од покуќнината.
За настанот бил известен јавен обвинител, а осомничениот бил спроведен во здравствена установа.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





