Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Кавадарчанец синоќа бил пронајден починат во викендичка, телото е дадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во 22:45 часот во ОВР – Кавадарци, И.Д., 42-годишен кавадарчанец, пријавил дека во неговата викендица на Тиквешко Езеро во Кавадарци го пронашол починат неговиот пријател С.С., на 46-годишна возраст, појаснија од СВР – Велес.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ