Швеѓанка (79) на Фејсбук запознала Грк (30) и поверувала во неговата љубов – завршила во заробеништво

Невообичаен случај решаваше грчката полиција во соработка со Интерпол, откако добила повик за помош за 79-годишна државјанка на Шведска, која 40 дена била држана во заробеништво.

Се’ почнало од социјалната мрежа Фејсбук, каде триесетгодишен маж од Грција ја запознал Швеѓанката и онлајн ѝ „продал“ љубов, а потоа, откако дошла во Грција,  ја држел заклучена во својата куќа околу 40 дена.

Во тој период, тој ги земал сите пари што ги имала со неа и систематски ја злоставувал. Случајот беше откриен во среда попладне по тревога од Интерпол и координирани акции од страна на грчките власти.

Според информациите, жената се обидела да се јави на 112, но мажот којшто ја држел затворена,  ја забележал и го скршил телефонот. Потоа жената некако успеала да испрати порака до роднина, кој ги известил шведските власти, а потоа Интерпол ја известил грчката полиција.

Полицијата во Ксанти извршила претрес во домот на 30-годишникот и ја пронашла жената заклучена внатре. Жената била во лоша состојба. Таа била однесена кај судски лекар, каде што биле утврдени модринки, контузии и гребнатини.

Жената од Шведска сега се лекува на Клиниката за интерна медицина во болницата Ксанти и се очекува да се врати во Шведска, додека 30-годишникот ќе сведочи пред истражниот судија во понеделник.

[ИЗВОР]

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ