Опожарено возилото на Ѓорги Галетановски претседател на скопската организација на СДСМ

Ноќеска по 3 часот бил опожарено возилото на претседателот на скопската организација на СДСМ – Ѓорѓи Галетановски, поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје, објавува Слободен печат. Галетановски во изјава за медиумот потврдува дека возилото му било запалено рано изутрината пред зградата во која живее во населбата Кисела Вода. Во изјавата вели дека е видено и лицето кое го подметнало пожарот.

„Да,возилото мое е изгорено целосно“, напиша Галетановски на Фејсбук.

„Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал, нити наштетил. Сум помагал и ќе помагам на кого можам секогаш. Секоја чест на пожарникарите, што пристигнаа за 3 минути, и пламенот не ги зафати куќите. Апелирам до министерот, и до Министерство за Внатрешни Работи и надлежните најскоро да го најдат сторителот, не поради финансиска загуба, поради мирен живот во Скопје,и цела држава. Има и сејф сити и камери окулу, да се надеваме дека мирот ќе биде вратен“, напиша Галетановски.

Галетановски деновиве е активен на социјалните мрежи со промоција на кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје, Каја Шукова.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ