Орце Ѓорѓиевски се изнафали, Егзит го демантира: Фестивалот не доаѓа во Скопје

Фестивалот Егзит дефинитивно нема да се одржува во Србија следната година, а организаторите велат дека во игра не се ниту Скопје ниту Египет, иако вакви шпекулации кружат веќе некое време.

Причината е јасна – фестивалот остана без државно финансирање и без поддршка од својот најголем спонзор, „МТС“, со кој имаше долгогодишна соработка. Организаторите тврдат дека ова е резултат на нивната поддршка за студентските протести, што довело до, како што велат, „државна репресија“ и ускратување на средства на сите нивоа – локално, покраинско и републичко.

„Во овој момент не постои можност за одржување на Егзит во Србија. Фестивал од вакви размери не може да се организира во домашните економски рамки без помош од државата“, стои во соопштението.

Основачот и директор на фестивалот, Душан Ковачевиќ, истакна дека откако објавиле дека Егзит го напушта Србија, пристигнале понуди од целиот свет.

„Моментално разгледуваме кои дестинации ќе бидат дел од глобалната турнеја на Егзит следната година“, додаде тој, нагласувајќи дека фестивалот не се сели во Скопје.

Претходно, кандидатот за градоначалник на Град Скопјe, Орце Ѓорѓевски, рече дека музичкиот фестивал „Егзит“ (EXIT) доаѓа во главниот град, но изгледа од тоа нема ништо.

Инаку, уште во јуни организаторите објавија дека годинашното издание ќе биде последно во Србија, потсетувајќи дека Егзит е создаден пред 25 години како студентско движење за мир и слобода.

„Не сакаме повеќе фестивалот да се одржува во Србија во која слободата на говорот се задушува“, порачаа тогаш.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ