Од 10 до 15 септември 2025 година, во организација на НУЦК „Ацо Шопов” – Штип, ќе се одржи 13-тото издание на Театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот Принц”.
Фестивалот ќе биде отворен на 10 септември со едночасовен концерт на бендот „Петко 5+” (ОХО продукција), а во текот на фестивалските денови публиката ќе има можност да проследи претстави од врвни македонски театарски куќи, како и да учествува на специјална театарска работилница за деца.
Програмата опфаќа претстави на НУ Македонски народен театар, Театар за деца и младинци – Скопје, НУ Народен театар – Битола и НУЦК „Антон Панов” – Струмица.
Фестивалот е во чест на уметноста за најмладата публика, а оваа година носи богата програма со многу радост, креативност и волшебство.
Директор на фестивалот е Пеце Ристевски, а организатори се Никола Ристов, Ава Хусеини, Миле Вратеовски, Марија Минчева Андонов, Ангелка Нашкова, Елена Шорова Дербов и Весна Куслеска.
Фестивалот е финансиран од страна на Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија.





