Преку таблиците во боја граѓаните ќе може да ги препознаваат службените возила

Најдоцна до 15 септември, сите државни институции и јавни правни лица ќе мора да ги заменат регистарските таблици на своите службени автомобили со нови таблици во боја.

Одлуката беше донесена на крајот на јули, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

Утре е закажана прес-конференција на која ќе бидат претставени новите таблици. Присутни ќе бидат Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, како и директорите на останатите државни институции.

„Новите обележја ќе овозможат граѓаните на прв поглед да препознаат службено возило и така ќе се намали просторот за нивна злоупотреба за приватни или партиски цели“, порачаа од СОЗР.

За таа цел, наскоро ќе биде отворена и посебна телефонска линија каде што секој граѓанин ќе може да пријави неправилна употреба. Секоја пријава ќе биде евидентирана, а институциите ќе мора да постапуваат по неа според законските процедури.

Во тек е и финалната изработка на централен регистар на сите службени автомобили, кој ќе обезбеди уште поголема транспарентност и увид во нивното користење.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ