Автомобил без возач прегази жена во Штип

Невообичаена сообраќајка се случи изутрината по 8 часот во Штип, кога паркирано возила на бензинска пумпа само тргнало, преминало на спротивната страна на булеварот „Партизанска“ во Штип и со голема силина од забрзувањето удрило во жена (48) која одела по тротоарот. Со возило на Итната помош жената со повреди е пренесена во Клиничката болница во Штип.

Според информациите, жената во моментов е на Ортопедија, каде ѝ се укажува помош. Како што соопшти дежурниот ортопед од Клиничката болница, жената има скршеница на петната коска.

На Дујлето, кај пешачкиот премин во моментов полицијата врши увид. Покрај полициските службеници е и жената возач, чие возило удри во пешакот.

-Првичните информации се дека возилото, кое било без возач, само тргнало и удрило во пешак. Повеќе информации ќе имаме по завршување на увидот, кој се врши во моментов, информираа за Канал 77 од СВР Штип.

Сообраќајката се случува во период на интензивен сообраќај и на место каде пред неколку месеци беше прегазен друг пешак.

Меѓутоа, особеноста на сообраќајката е што возилото било оставено на бензинската до Трговскиот центар на Дујлето, додека возачот не бил внатре.

Возилото тргнува, ги преминува коловозните ленти од страната каде било паркирано, го преминува травникот и преку спротивната коловозна лента удира во жената која во тоа време се движела на тротоарот.

Со оглед на тоа дека се работи за надолнина, дополнително придонело за забрзување на возилото. Повеќе информации се најавени за во текот на денот.

В.К.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ