По Вардариште сега гори и најголемата скопска депонија – Дрисла. Втор ден е во пламен и час, а на неа интервенираа до сега само почарникри, бидејќи првичната оценка беше дека воздушното гаснење може да го усложни пожарот. Десет противпожарни возила од вчера се ангажирани на гаснењето. Од претпладнето бил испратен и ер-трактор, но само како помош за можно прелевање на огнот кон боровата шувма.
„Пилотот на ер-тракторот укажа дека гори централниот дел на депонијата и дека секое фрлање вода од висина може дополнително да ја разгори и да предизвика палење на други спорадични жаришта. Тој не утврдил можност за проширување на огнот кон боровата шума и е упатен да дејствува на пожарите во Скопска Црна Гора“, информираа од ЦУК.
Има сомневање дека пожарот е подметнат, бидејќи и при највисоки темеператури изминатото лето, Дрисла не гореше.
Фотографија: ФБ





