Концерт, детска работилница и претстави ќе го обележат годинешното издание на театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот принц“

Од 10 до 15 септември 2025 година, во организација на НУЦК „Ацо Шопов” – Штип, ќе се одржи 13-тото издание на Театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот Принц”.

Фестивалот ќе биде отворен на 10 септември со следниот репертоар:

„Петко 5+“

  • Ќе го започнеме фестивалот со една музичка разгледница Петко Плус, многу позната телевизиска емисија, кои што имаат свој бенд и ќе изведат еден едночасовен концерт со нивните песни кои што се општо познати за сите деца и мислам дека сите деца ќе уживаат во тоа, вели Никола Ристов, организатор.

„Жива досада“

  • Во четврток ќе ја имаме „Жива досада“. Тоа е авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Кимова и Нина Деан. Оваа претстава е многу интересна затоа што се бави со досадата кај децата. За тоа како не треба ние да се бориме како родители и наставници на децата да не им биде досадно, туку самите деца да ги научиме дека досадата е дел од животот и дека со неа исто така можат да откриваат многу интересни работи, дека не е лошо да ти биде досадно. Што мислам дека е супер претстава што ќе ги научи на некои вредности, на кои што ние како родители, како возрасни, забораваме да ги научиме, вели Ристов.

„Роња, ќерката на ограбувачот“

  • Следната претстава е „Роња, ќерката на ограбувачот“ во петок во 17 часот. Ќе се изведува на сцената на Народниот театар во Штип. Со оваа претстава ќе се обидеме да се доближиме на младите, бидејќи досега цело време изборот на претставите и продукцијата на претставите во Македонија се повеќе за деца отколки за млади, така да ова претстава се осврнува малку повеќе на онаа млада публика, која не е ниту дете ниту возрасен. Оваа година гледавме да имаме барем една таква претстава и да почнеме една ситуација, во која што младите се повеќе и повеќе ќе ги доближуваме до театарот. Оваа публика е најмногу заборавена од продукциите на театрите во Македонија, вели Ристов.

Театарска работилница

  • Од 13-ти до 15-ти ќе имаме театарска работилница, која ќе ја води модераторот Билјана Трајчевска. Во работилницата ќе се работат познати текстови од познати приказни, како Снежана, Пепелашка и тн. Но, ќе бидат работени врз база на современост, што значи како би се однесувала Снежана во денешно време, Пепелашка во денешно време, или било кој од тие познати ликови. Така што децата ќе научат една многу интересна работа, а тоа е како да осовременуваме некои постари приказни и како да ги приспособиме на нашето секојдневно живеење. На работилницата ќе работат деца од училиштата од Штип. Тие одбираат деца кои покажуваат интерес за театарот и се прави група од сите деца од сите училишта од Штип, по три од секое училиште, кои заедно ќе работат и ќе научат да се дружат меѓу себе, а и сите училишта ќе имаат деца кои што ќе научат како се прави ова осовременување на приказните, додава Ристов.

„Снежана и седумте џуџиња“

  • На 13-ти во сабота исто така ќе игра и претставата „Снежана и седумте џуџиња“ од Народниот театар од Битола. Ова е многу позната претстава, која што мислам дека сите деца ке уживаат во неа и ке уживаат во убавините на сцената, затоа што ова е и сценографски и костимографски многу убаво направена претстава, вели Ристов.

„Пепелашка“

  • Во понеделник на 15-ти ќе го затвориме фестивалот со „Пепелашка“ на стримичкиот театар. Оваа претстава веќе гостуваше на Штипско Лето, но поради големиот интерес решивме да ја донесеме и нашите деца да ја погледнат уште еднаш оваа претстава. Класично направена претстава, се држи на класичното раскажување на „Пепелашка“, онаа што сите ја знаеме од Дизни. подвлекува организаторот Ристов.

Програмата опфаќа претстави на НУ Македонски народен театар, Театар за деца и младинци – Скопје, НУ Народен театар – Битола и НУЦК „Антон Панов” – Струмица.

Фестивалот е во чест на уметноста за најмладата публика, а оваа година носи богата програма со многу радост, креативност и волшебство.

(К.М.)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ