Мицкоски: Со Фетаи комуницираме на англиски, македонскиот уште го учи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека комуникацијата со вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи се одвива на англиски јазик, додавајќи дека тој вложува напори да го совлада македонскиот.

Мицкоски потврди дека со Фетаи разговарал за инцидентот од пред два дена, кога вицепремиерот одби да одговара на прашања на македонски јазик, и рече дека е уверен оти ваква ситуација нема да се повтори.

„Јас им се извинувам на новинарите во мое име, а тој самиот ќе ја поправи грешката“, истакна премиерот.

Во одбрана на Фетаи, Мицкоски потсети дека тој од детството живеел во Белгија и поради тоа сѐ уште не зборува течно македонски, иако во биографијата му стои дека го познава јазикот, покрај албански, француски, англиски и холандски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ