Жителите на Драчево изутрината се разбудија во густ чад, идентично на зимските денови на комбинација на магла и смог. Фотографијата ни ја прати слушател, кој се движи од Драчево кон булеварот „Србија“ и понатаму кон центарот на градот. „Загадувањето е толку силно што одвај се вози“ – вели слушателот. Поголем проблем е смрдливиот воздух и вдишувањето на штетните, а и канцерогени честички од горењето на отпадот во Дрисла, која гори со денови. ЦУК јави дека пожарот е ставен под контрола, но не изгаснат.




