Адријан Живков е еден од двајцата загинати во трагедијата во Пулс од кочанското село Соколарци. Тој кобната вечер заминал во дискотеката со другари на концертот на популарното дуо ДНК.
Еден од неговите најдобри другари е Мартин Кировски. Мартин на јавноста и е познат по неговите сатирични видеа во кои им се потсмева на политичарите за проектите кои ги ветуваат пред избори, а потоа не ги реализираат.
Трагедијата во Пулс беше актуелна некое време во медиумите, но за некое време Кочани почна да изостанува од дневните новости. За да го врати вниманието назад на Кочани, Мартин се одлучи на радикален чекор – да се врзе за бандера на скопскиот плоштад „Македонија“ и да одбие да се симне додека не се соберат медиумите. Тогаш и таму повика да се врати фокусот на Кочани и на иднината на овој град на истокот од државата.
Мартин повремено преку социјалните мрежи се потсетува на својот другар. Ова е една од објавите:
„Како дозволивме ова да ни се случи?
Како си ги запустивме животите?
Не смеевме да дозволиме да ни се случи ова.
Ќе можеме ли да го поднесеме?
Ќе можеме ли да продолжиме да живееме со оваа болка – без нашите најблиски?
Адријан ![]()
![]()
Беше помлад од мене, но неговата визија и амбиција за успех го направија поголем од мене.
Затоа и беше над мене.
Беше „мојот менаџер“.
Кога ќе зборував за нешто, тој ме слушаше со сјај во очите и само ќе речеше:
„Имаш право, брат.“ Кога ќе ја почувствував таа емоција од него. Срцето ми се полнеше
со неверојатна енергија.
Толку многу го засакав што навистина ми беше како брат.
Неговата искрена, нелицемерна љубов ме натера повторно да поверувам во себе.
Таа љубов – таа искреност – мене ме врати во живот.
Ти ме врати во живот пред една година…
А како јас сега да те вратам тебе, ангелу мој?
Но те чувствувам…
Како ме гледаш одозгора и ми велиш:
„Ајде, Марма, ти можеш. Јас те пратам одозогре, не се секирај тука сум.”
Тој беше единствениот што ќе ме наречеше „Марма“, а да не почувствувам ни грам омраза.
Зашто кај него немаше скриени намери.
Сè беше чисто.
Неговата љубов беше искрена.
Во животот мој немам сретнато човек со толку чиста љубов кон мене.
Нема никогаш да те заборавам ангелу мој. Во свет полн со луѓе што сакаат да те соборат,
ти беше тој што ме креваше, што ме гледаше со очи полни разбирање.
Ретко некој што можеше да ме разбере до тај степен како него.
Секогаш ме охрабруваше да бидам јас – и никогаш не се обиде да ме промени.
Никогаш не го слушнав да ми завидува, никогаш не ме потцени.
Само љубов… само вистинска, братска љубов.
Затоа се чувствувам како нешто свето да ми е одземено.
Тој ми ја врати вербата во луѓето, во животот, во мене
Затоа што ти беше светлината, брат мој.
Ти беше мојот утрински сјај, мојата пролет.
Ќе продолжам… ќе продолжам за тебе, со тебе во срцето.
Засекогаш. Почивај во мир љубов моја. ![]()
![]()
![]()
“ – стои во објавата на Мартин.





