Кочани денеска повторно е во црнило, дена на траорни моменти кога половина град е на гробишта на одбележување на половина година од смртта на 62 млади деца во трагедијата на 16 март. Ова го рече Игор Христов, кандидат на СДСМ за градоначалник на Кочани во емисијата Стадион на Канал 77 и праша:
„Оваа македонска јавност дали знае дека ако имаше бомбардирање на Кочани може помалку жртви би имало. Денеска пола Кочани е на гробиштата. Тие траорни моменти не исчезнуваат од нас. Како власт се справи со трагедијата?! И централната и локалната власт се потпреа на Сапорт Кочани. Тие млади деца многу повеќе направија отколку централната и локалната власт. Единствено психолошката поддршка беше соодветна, но сме далеку од добивање на правдата. Првичните изјави беа: „Кочани ќе го ставиме на врвот, ќе се издигне“ но тоа беше само ПР. За Маршот на ангелите – зошто не е поддржан од сите, од политичките субјекти, од граѓанските структури… каде се нивните другарчиња, каде е таа маса?! Власта требаше да биде потресена, до сега требаше да биде поддршка. Зошто ги спречуваат заинтересирани групи на протестот кон Кочани?! Па тие не доаѓаат со калашникови на протестот, рече Христов.
Според кандидатот на СДСМ, силен фокус во неговите приоритети ќе стави на повредените и родителите на загинатите, во секаква поддршка на семејствата на починатите во добивање на правда, медицинска грижа и се’ друго што им е потребно.
Христов го критикуваше односот на владејачката партија, кога СДСМ понуди лекс специјалис за Кочани преку кој имаше предлози како да се помогне, но тоа не го прифатија.
-Се предложи власта тоа да го искреира, но прифатија. Законот на СДСМ беше навреме. Но, несреќата во „Пулс“ е несреќа во цела Македонија и тој системски проблем тлее низ цела Македонија. Тој проблем не се решава доволно брзо, да не кажеме дека има катастрофален пристап. Прашањето е како да се излечиме – да поставиме меморијален парк со професионален пристап, којшто ќе биде траорен симбол на трагедијата. Во сеќавање на жртвите од „Пулс“ со цел никогаш да не се повтори – може да е на местото на Панаѓурот. Потоа, меѓународен литературен конкурс за да се обележи датумот. Во делот на лекувањето – создавање на одредено тело за сите потреби на жртви со одделување на финансиски средства за сите на кои им е потребно. Исто така да им се даде психолошка поддршка, е ставот на Христов.







