Независниот кандидат за градоначалник на Кочани, Зоран Тодоров во емисија Стадион на Канал 77 зборуваше за приликите во градот шест месеци по трагичниот по дискотеката „Пулс“. Пожарот, како што рече, е од толкави размери, што со него тешко ќе се справи еден Берлин, а не пак мал град како Кочани.
Сепак, како што рече Тодоров, пожарот ќе биде обележје на градот, по кој ќе го познаваат, своевиден симбол, како што е тоа оризот. Градот е во специфична ситуација, а како што изјави, не се дрзнува да ги коментира чувствата на родителите.
– Ние не можеме да сфатиме што родителите доживуваат. Затоа да направиме се’ за да им олесниме и да направиме се’ да не се случи повторно такво нешто, рече Тодоров.
Неговиот план за заздравување на градот е во неколку дела.
-Со подобрување на системот, пред се’ на здравствениот систем . Кочани многу назадувал во изминатите 30 години. Порано имавме центри, сега се тоа е намалено– но е тоа по вина на докторите кои ги имаме кои се мачат со опремата и малиот број на доктори, туку поради тоа што Скопје гледало поинаку на нас, имал поинакви планови како тоа ќе го реши. Резултатот е овој кој сега го гледаме. – ќе се бараме тоа да го подобриме или барем да бидеме на тоа ниво што го имаат скопјани. Ние сме рамноправни граѓани на Р.Македонија, така и ќе се поставуваме кон централата Скопје, рече Зоран Тодоров, независен кандидат за градоначалник на Кочани.
Тодоров зборуваше и за планот како да се зголеми безбедноста на градот. Предлага два проекти.
-Паметен град и безбеден град со поставување на сензори, камери и дронови, ваков систем е поставен во четири градови, компанијата која тоа го работи ми го даде проектот. Тоа ќе биде основа и старт како да бидеме побезбедни не само кон пожарите туку и безбедноста – да добијат казни тие што палат, вели Тодоров.
Тој смета дека овие два проекти значајно ќе ја зголемат безбедноста во градот и раното предупредување. Трет важен дел е промена на законодавството и едукација на децата со воведување на школски предмет кој ќе ги учи како да реагираат во одредени кризни ситуации.







