Убиената Росица десетици пати барала заштита од убиецот, но немало кој да ја чуе  

На вчерашниот крвав и трагичен настан во Велес, во којшто со повеќе убоди во телата нанесени од триесет и девет годишниот Илија Стефановски одземени се животите на

Велешанката Росица Коцева (31), која вчера беше убиена заедно  нејзиниот татко Киро Коцев (77) од поранешниот партнер Илија Стефановски повеќе пати пријавувала во полиција, а  два случаи за насилство и загрозување на сигурноста стигнале и до суд. Росица беше убиена само пет дена откако насилниот добил условна казна.

Хронолошки вака изгледа патот на Росица до смртта:

На 25.03.2025 година Росица пријавува дека во декември 2024 година Илија се обидел да ја задржи во стан во Скопје и и нанел лесна телесна повреда од чл.130 ст.2 од Кривичниот законик.

На 10.04.2025 година – Основното јавно обвинителство Велес против Илија Стефановски, убиецот на Росица, поднесува Обвинителен предлог за 2 случаи:

– Загрозување на сигурноста од член 144 ст.3 вв ст.1 за настан на 20.02.2025 година

– Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 за настан ноќта меѓу 03.03.2025 и 04.03.2025 година со нанесена полесна телесна повреда на партнер на оштетената.

Психијатриското вештачење покажало дека тој не боледува од душевна болест, бил пресметлив во моментот на сторување на делото, бил способен да го сфати значењето на своите постапки и кај него не е регистрирана патолошка опсесивност или патолошка фиксација кон Росица.

На 18.05.2025 – Убиецот се приближува до домот на Росица, го одзема и го пали автомобилот во сопственост на нејзиниот татко.

На 21.05.2025 година  Росица го пријавува Илија за неизвршување на судска одлука, бидејќи и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство, тој не ги почитува и постојано ја вознемирува.

На 26.06.2025 година  издадена е наредба до МВР за обезбедување докази од телефонската комуникација, како и четири наредби за обезбедување снимки од видео надзор од различни локации во градот. По овие наредби МВР се’ уште постапува!

На 09.09.2025 година  Росица дава исказ во ОЈО Скопје и се изјаснува дека останува на предлогот за кривично гонење на осомничениот.

На 10.09.2025 година – Основниот суд во Велес донесува пресуда за условна осуда на Илија со која му изрекува алтернативна мерка на условна. Останува забраната за приближување и воспоставување контакти со Росица и нејзиниот партнер. Оваа мерка е определена по барање на Обвинителството.

„Оваа одлука на судот во Велес само што е примена во ОЈО Велес и обвинителството немаше можност да се произнесе по неа со евентуална жалба,“ појаснува велешкото Обвинителство.

Вчера попладне со 14 убоди, Илија ја усмрти Росица, го убил нејзиниот татко, по што сам си пресудил.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ