„Денес е мојот прв роденден без тебе“ – шест месеци без Филип Стевановски

Ирена Крстевска Стевановска е сопруга на Филип Стевановски, член на бендот на ДНК, кој животот го загуби во трагедијата во Пулс. Филип беше исклучителен уметник, многу познат меѓу штипјани, беше првиот човек на фестивалот за детски песнички „Весело штурче“, а кратко пред трагедијата го предводеше и штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“.

„Денес е мојот прв роденден без тебе… Ден кој секогаш беше исполнет со радост, изненадувања и твојата љубов што знаеше да ми го направи секој миг посебен. А сега, наместо насмевки и честитки, чувствувам празнина која ништо не може да ја исполни.

Токму денес, кога требаше да славам, се навршуваат 6 месеци откако сме без тебе. Половина година без твојата насмевка, без твојот глас, без твојата топлина. Половина година во која и јас и Лора учиме да живееме со болката, но и со гордоста што те имавме во нашиот живот.

Те сакаме бескрајно. 🤍🤍🤍

Во моето срце и во срцето на Лора ќе живееш засекогаш. 🤍🕊️♾️“ – напиша Ирена вчера.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ