Над 100.000 очекувани посетители на Пастрмалијадата во Штип каде Дино Мерлин е главна ѕвезда

Обемни организациски подготовки и планови презема Општината Штип за манифестацијата Пастрмалијада 2025, на која се очекуваат гости од сите делови од Македонија, но и од земјите од регионот. Главниот настан – концертот на балканската ѕвезда Дино Мерлин е во сабота, 20 септември во 22 часот на Градскиот стадион во Штип, за кој според интересот за сместување, одамна се знае дека привлекува голем интерес. Во Штип се пополнети сите хотелски и приватни капацитети, а според информациите од сервисите за сместување, апартманите за една вечер достигнуваат до 120 евра. Слично како и за „Д фестивал“, почнуваат да се пополнуваат капацитетите во околните градови и населени места.

На денешната прес конференција градоначалникот Иван Јорданов рече дека Пастрмалијадата општината ќе ја чини како и секоја година 4,5 милиони денари, но економскиот ефект за градот ќе се мери во неколку милиони евра. Јорданов демантира дека поради очекуваниот голем наплив на гости, пристапот до Штип ќе биде ограничен, туку пристапот до градот ќе биде контролиран. Што тоа значи практично?

На сите четири влезови ќе има поставено редари кои ќе ги насочуваат возилата каде да се паркираат. Ќе има 4000 паркинг места за возилата и тоа во подалечни населби – во Три Чешми, Баби, кај бања Кежовица и Плуждино. Цело време ќе циркулираат автобусите на „Стипион“, кои ќе ги пренесуваат гостите до Градскиот стадион каде е закажана главната програма. Улиците во околината на стадионот ќе бидат затворени.

-Во петок околу полноќ ќе биде затворена дел од улицата „Борис Кидриќ“ со „Партизанска“ и „дел од „Први Мај“. Во сабота ќе се затвори од Промајата до „Партизанска“ и од „Мал одмор“, и улицата „Слободан Јовановски“, „Пиринска“ и „Вардарска“, кажа Сања Мијалкова од општина Штип.

Програмата ќе биде поделена на две локации – на пешачката улица „Ванчо Прке“ во центарот на Штип и на стадионот, каде ќе има поставено штандови на 20 угостители на тревникот и 8 во ВИП зоната. Цената на една пастрмајлија е чини 220 денари.

Прогрмата во петок е на пешачката зона, каде ќе има настап на локални артисти и програма од градинките и фестивалот „Весело штурче“, додека во сабота рпограмата на стадионт почнува во 20 часот со настап на Елена Рстеска, од 21 чаост е настапот на Владо Јаневски, по што следува двочасовниот концерт на Дино Мерлин. По неговиот настап сцената на DJ.

Во сабота вратите на стдионот ќе бидат отворени во 19 часот, а организаторите ги повикаа гостите да дојдат малку порано во Штип со цел да не се создаде проблем со паркирањето.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ