(Видео) Шокантни последни 49 секунди од животот на планинар по блиска средба со мечка – сам си ја снимил смртта

Вирално видео се појави на мрежите, каде 61-годишниот грчки планинар умира по средба со мечка во Драма. Видеото го снимил самиот планинар Христос Ставрианидис на својот мобилен телефон. Снимката е од моментот кога ја забележал мечка на планинската патека длабоко во шумата во Фракто, Драма, па моментот кога животното му се приближува нему и на пријателот со него па се’ до моментот кога тој паднал во клисура, губејќи го животот.

Видеото го прикажува движењето на дивото животно, додека може да се слушне како еден од двајцата прашува: „Каде си? Дојди! Дојди кај мене“!

За тоа време животното се движи на кратко растојание од камерата.

-„Каде си? Дојди овде, дојди кај мене. Дојди кај мене“, велам. Дојди кај мене“, вели Христос подоцна во видеото додека мечката се движи – веројатно приближувајќи се кон двајцата мажи.

Се слуша кучешки лаеж, веројатно на кучето кое било со двајцата алпинисти на планината. Се слуша машки глас како вели: „Пукај  Димитри“. Следува звук што звучи како спреј, додека 61-годишникот кашла. „Пукај!“, повторува тој.

Следната снимка го прикажува падот на 61-годишникот во клисурата…

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ