Кевин Дурант, еден од најдобрите стрелци во историјата на кошарката има на располагање многу пари во криптовалути. Ова го потврди и неговиот менаџер, Рич Клајман кој додаде дека сепак, постои еден огромен проблем – Дурнат ја изгубил лозинката.
„ Работиме на пронаоѓање на лозинката на Кевин за неговата сметка на Coinbase. Тој никогаш не ги продал криптовалутите што ги има, па затоа нивната вредност сега е огромна. Биткоинот продолжува да расте, што е позитивно “, изјави Клајман за CNBC.
Дурант почнал да купува биткоини во 2016 година , кога се приклучил на Голден Стејт Вориорс и играл за американскиот тим на Олимписките игри во Рио. Во тој период, имал бројни разговори со соиграчите на таа тема.
Платформата CoinGecko вели дека во 2016 година, еден Биткоин вредел помеѓу 360 и 1.000 долари, а сега вреди околу 116.000 долари – зголемување од 11.000% во рок од девет години.
„Дурант не можеше да пристапи до својот профил неколку години поради грешка што ја направивме. Соработуваме директно со тимот на CoinBase за да го вратиме неговиот профил. “
Не е наведено точно колку пари се „заклучени“ за Кевин Дурант , но може слободно да се каже дека кошаркарскиот крилен центар нема финансиски проблеми. За време на неговата НБА кариера, која трае од 2007 година, тој заработи повеќе од 450 милиони долари само од НБА договори.









