Затворениот базен во Штип наскоро ќе биде пуштен во употреба

Градоначалникот на Штип Иван Јорданов денеска изјави дека неколку финеси го делат Затворениот базен од отворање.

За ден или два треба да заврши уредувањето на паркинг просторот по што ќе следи официјално пуштање во употреба на истиот.

„Со денешното асфалтирање се завршени сите активности поврзани со изградбата на затворениот базен. Овој објект неколку години беше блокиран со изградба, не се одвиваа никакви активности. Како општина презедовме одредени активности во делот на уредувањето, а Министерството за спорт продолжи со активностите за завршување на објектот во заедничка координација со општината и фирмата изведувач. За активностите од страна на општината беа издвоени 1.4 милиони денари“, изјави Јорданов.

Државниот базен во Штип

Првичниот план беше државни базени да бидат изградени во Битола, Кичево, Штип, Ѓорче Петров и Кисела Вода и Тетово за вкупна цена од околу четири милиони евра.

Според Министерството за спорт, само државниот базен во Кисела Вода засега е пуштен во употреба.

„Откако Министерството го презеде овој проект за изградба/доградба, еднаш е продолжен рокот за изградба, без покачување на вкупниот износ на договорот. Поради технички причини кај некои од објектите со комунални приклучоци за струја и вода за кои се задолжени општините, крајниот рок за пуштање во употреба на овие четири базени е 31.12.2025 година“, велат од Министерството за спорт.

К.Т.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ