(Видео) Над 20.000 луѓе дојдоа во Струмица во ноќта на бакарно-црвената месечина

Ноќта на бакарно-црвената месечина, со моќните настапи на Џекс Џонс, Бејби Лазања, Бајага и Инструктори, Александра Јанева и БДМ, ја донесе спектакуларната „Get EXITed“ забава во Струмица во Големиот градски парк, во заеднички ритам кој ги обедини генерациите.

Духот на ЕГЗИТ и овојпат, во градот на тромеѓето, донесе посетители од Бугарија, Грција, Србија, Македонија и целиот регион, и по четврти пат ја направи Струмица место за собир во добра енергија, зацврстувајќи ја репутацијата на градот како фестивалска туристичка дестинација.

Над 20.000 дојдоа во Струмица

Пријатната летна ноќ во Струмица донесе настапи на глобалниот хитмејкер Џекс Џонс и регионалните шампиони Бејби Лазања и Бајага и Инструктори. Овој музички маратонски спектакл со своите авторски поп-хитови го отвори струмичанката Александра Јанева и ги воведе посетителите во ритамот на вечерта. Веднаш потоа, на сцената се рашири гитарскиот звук на легендарниот бенд, Бајага и Инструктори, кои со својот спектакуларен настап потврдија дека се носители на културното наследство на едно време.

На брановите на заедништвото силно се надоврза настапот на Бејби Лазања, кој дишеше со еуфоријата на новата генерација која јасно порачува дека е подготвена да го трасира својот пат. Диџејската суперѕвездата Џекс Џонс ја доведе атмосферата до вриење со одлично измиксан сет, а публиката го дочека со овации и покажа дека со задоволство ги прифаќа актуелните глобални музички форми.

Вечерта за паметење ја затвори триото од Скопје – БДМ, кое го донесе единственото доживување со електронска музика во комбинација со гитара, тапани и вокали, придонесувајќи за целоноќното музичко искуство.

ЕГЗИТ заедно со челниците на Општина Струмица во изминатите четири години организираше исклучително посетени настапи на големи светски и регионални ѕвезди во Големиот градски парк, приредувајќи ѝ на публиката настани за паметење.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ