Се огласи Заев: Лаги и клеветења од Мицкоски за наводни “куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија”

Сред кампања во предизборните настапи на ВМРО ДПМНЕ, поранешниот премиер Зоран Заев уште еднаш беше повикан на одговорност за договорот со Бугарија, овој пат со тврдењето дека  „Заев со Бугарија, освен фирмите и бизнисите, го спојува и црвената жица, онаа македонската која ја продаде за куферчиња полни пари“. Ова е содржано во денешното соошпштение од ВМРО ДПМНЕ.

Заев одговори на социјалните мрежи со став дека „небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава“.

-Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни “куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија” како невистини и како очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси кон неговите измислици. А кога сме веќе кај куферите, видовме во снимките што сами си ги пуштија во јавност дека експерти за куфери со пари се токму неговите поддржувачи и финансиери. Оние за кои се фалеше дека му ги плаќале сметките за струја во Белата палата, оние несудени бугарски конзули и осудени криминалци пуштени да се бранат од слобода за да ја напаѓаат опозицијата, напиша Зоран Заев.

ВМРО ДПМНЕ обвини дека актуелниот лидер Венко Филипче на СДСМ „за спас на неговата кариера и спас на неговиот гуру е спремен да го продаде и она малку достоинство и интегритет што ни го оставија, за да ги спаси бизнисите во Бугарија“, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ