Во оваа епизода на СајберШтит со Азиза Сали тема се дигиталните права и безбедноста на ранливите заедници. Ќе слушнете за пристапот до интернет, за случаите на онлајн насилство и говор на омраза, за довербата во институциите и за тоа колку е важна дигиталната писменост.
Погледнете ја епизодата и дознајте што е потребно за да изградиме побезбеден и поправеден дигитален простор за сите. Подкастот СајберШтит е дел од проектот на Фондацијата Метаморфозис.





