Почина Панчо Минов, носител на листа во Кавадарци, поранешен пратеник и градоначалник

Кавадарчани се простуваат од Панчо Минов (1958 – 2025), истакнат правник, поранешен пратеник во четири мандари и актуелен носител на независна листа на група избирачи за општинскиот Совет на овие Локални избори.

Минов беше дипломиран правник, бил пратеник во Собрание на Република Македонија во првиот состав, од страна на Либерална партија, во период од 1990 до 1998 година, од страна на ГРОМ во пратеничкиот состав 2016-2020 и од страна на СДСМ во пратеничкиот состав 2020-2024. Бил и поранешен градоначалник на Општина Кавадарци во два мандата, од 2000 до 2005 година, од страна на Либерална партија, и од 2005 до 2009 како независен. Минов беше сопруг, татко на две деца и дедо на два внуци.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ