Уапсени пироманите кои запалија два камиона и автомобил кај СЦ „Јане Сандански“

Фото: МВР

МВР информира дека се привдени двајца од Скопје, кои завчера предизвикале пожар кај СЦ „Јане Сандански“

-На 08.10.2025 во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански” на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко” со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено” со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и  патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп. Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на бул.„АСНОМ” од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ