Со пиштоли на свадба! Кривична за вооружени сватови на семејна веселба крај Дебарско Езеро

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.П.(35) од Дебар, со престој во САД, Ф.П.(29), Р.П.(34) и А.П.(32), сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.

-На 01.08.2025 на семејна веселба во куќа покрај Дебарското езеро, тие неовластено пукале со огнено оружје и предизвикале опасност по животот на присутните гости. По преземени мерки во координација со јавен обвинител, пронајден и лишен од слобода е Ф.П. и одземен му е пиштол „магнум”, додека при претрес извршен по судска наредба, во куќата каде била семејната веселба, сопственост на Б.П. и пријавената А.П., пронајден и одземен е пиштол „стејр”, додека од пријавената А.П. одземен е пиштол „глок” со 34 куршуми.  

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ