Во голем пожар што избувна на седмиот кат од Домот за стари лица во Тузла синоќа околу 20:45 часот, животот го загубија 11 станари, додека најмалку 30 други беа повредени.
Според последните информации, меѓу повредените има полицајци, пожарникари, медицински работници и вработени во Домот, кои учествувале во евакуацијата и помошта на корисниците. Сите се однесени во Универзитетскиот клинички центар Тузла.
Телата на починатите ќе бидат префрлени во Комеморативниот центар во Тузла за идентификација и обдукција, а истрага на лице место ќе се спроведе кога безбедносните услови ќе дозволат.
Пожарникарите, со помош на колеги од Сребреник и доброволни противпожарни единици од Тузла и Горња Тузла, по неколкучасовна интервенција успеаја да го локализираат пожарот.
Tuzla večeras ne plače sama. Tugujemo za generacijom koja je zaslužila mir, a dočekala plamen. U večernjim satima izbio je požar u Domu penzionera u Tuzli. Zvanično je potvrđeno da je do sada devet osoba smrtno stradalo. Ovo nije samo tragedija. Ovo je pitanje savjesti. Da li su… pic.twitter.com/y3sIZ3ntJA
— Emin Gradaščević (@GradascevicEmin) November 4, 2025
Градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ, одржува вонреден состанок од 8:00 часот, на кој надлежните служби презентираат нови информации за околностите на пожарот, бројот на жртви и состојбата на повредените.
Извор и фотографија: Дневни аваз









