Десет пациенти се со непотребно извршени кардиохирушки операции или непотребно се упатени за операции, анализирани се 19 случаи

Фото: Принтскрин

Откриени се 10 случаи на непотребни операции, рече министерот за здравство азир Алиу на денешната пред конференција, која беше оргнизирана за да се соопштат наодите од анализата на Комисијата за кардиолошки и кардиохируршки интервенции по доставени пријави од граѓани и здравствени институции.

-Изминатиот перидо презедовме повеќе мерки за анализа и утврдување на работата од стручната комисија Комисијата испорача објективни резултати врз основа на професионално, научно и независно спроведен процес. Работата на комисијата е прецизирана како анализа за податоците за пациентите кои биле опериррани од коронарна и периферна васкуларна болест во сите јавни и приватни здравствени установи. До комисијата беа доставени 25 случаи од кои комисијата утврди дека шест од нив треба да се испратат до ДСЗИ, бидејќи не се надлежни. Анализирани се 19 случаи, од кој Комисијата утврди дека 10 од нив се непотребо извршени операции или непотребно упатени за операции, рече министерот Алиу.

Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза анализирале само потреба од реваскуларизација т.е.кај пациенти кои имаат васкуларна болест, а сите други пациенти ќе се анализираат по пријава или при следната фаза од нивното работење.

Министерот Алиу рече дека ова не е конечен извештај и следната фаза е средба со троица експерти надвор од државата и по завршување на анализите од Комисиите ќе го кажат конечниот извештај.

-Тој извештај за нас ќе биде патоказ за дефинирње на политики за овој дел од здравствениот систем, рече Алиу.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ