Винарската визба „Тиквеш“ вчера беше домаќин на традиционалниот Фестивал на младо вино. Годинава се славеше и 140 години традиција и успех.
-Ние мислиме дека правиме probably the best product in the world – само за вас! Со многу грижа. Се грижиме за вас – за вашето здравје, за вашето задоволство, за природата, за заедницата, за сите нас во компанијата и надвор од неа. Да го споделиме најпозитивното од нас со сите вас, да ја споделиме возбудата и радоста по прекрасната берба, да ја споделиме воздишката од убавите вина што ни ги дала природата – во спојот со нашата мака, нашиот ум и упорност – за целиот овој низ да го направиме за наше и ваше задоволство.

Живеењето меѓу ветувањето и стравот трае и денес. Продолжуваме понатаму, да докажеме дека Македонија со векови наназад е винска земја и дека тоа ќе продолжи да биде и во иднина. Храбоста да се создава секој ден е поголема. Денеска „Тиквеш“ не е само компанија. Тоа е жив организам што се менува секој ден, се прилагодува секој ден и создава секој ден, рече Светозар Јаневски, претсдател на Управниот одмор на ББ „Тиквеш“ и додаде:

-Превземајќи го „Тиквеш“, имавме важна цел што бараше од сите нас голема посветеност – да промениме многу работи: луѓето, лозјата, виното, пазарите, а особено перцепцијата за „Тиквеш“ и македонското вино. Сакаме да бидеме поблиску до секој пазар, и преку свои винарии во соседните земји да се приближиме поблиску до тие пазари, да им го дадеме она што го заслужуваат, да им го дадеме најдоброто.

Влијанието на „Тиквеш“ е големо – нема да бидам нескромен ако кажам дека успеавме да влијаеме врз промените на целиот пазар, бидејќи сме пазарен лидер во регионот. Сите вина од овие подрачја, произведени од различни сорти и микролокации, стануваат препознатливи и единствени по својата суштина – затоа што се направени со нашите раце, со љубов, за вас. Горди сме на сето она што го направиле и допрва ќе го направат. Горди сме што сме присутни на 25 пазари во светот.

Горди сме на земјата од која потекнуваме. „Тиквеш“ не би бил тоа што е ако не се менуваме секој ден, ако не вложуваме во луѓето, науката и иновациите. И затоа, кога велиме 140 години, ние не мислиме на минатото – туку зборуваме за иднината. За промените без губење на корените, рече тој.

Големиот број гости и пријтели ги забавуваа Андријана Јаневска, Каролина Гочева, Лидија Кочовска, Тамара Тодевска и на крај светскиот Кирил Џајковски. Водител беше Игор Џамбазов.







