Се тепале навивачи, а тепале и полицајци, па уапсен е маж кој ги гребел возилата на гостите – Тепачка после кошарка во Куманово

МВР информира дека по коркарски натпревар во Куманово настана тепачка, а уапсен е и кумановец.

-На 16.11.2025 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.Ж.(23) од Куманово. Имено, по завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово помеѓу екипите на МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле физички нападнати полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Притоа, К.Ж. е забележан како со тврд предмет ги оштетува возилата на гостинскиот тим и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сите учесници во пресметката и за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.   

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ