Се оперирав, операцијата е успешна и се чувствувам добро, информира Тошковски

Каде е министерот Панче Тшковски, е прашање што денививе сите си го поставуваат. Но, одговорот го даде пред малку самиот тој, објавувајќи пост од Клиника.

-Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување, напиша тој и додаде:

-Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните. Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет, информира Тошковски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ