Два авиони пренасочени од Скопје во Приштина, силен ветер го зафати скопскиот регион

Фото: ТАВ

 Поради силен јужен ветер што го зафати скопскиот регион, два авиона се пренасочени да слетаат на приштинскиот аеродром, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. 

Од ДЗС информираат дека два други авиона сѐ уште кружат и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје.

Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби.

Според информациите од веб страницата на ТАВ Македонија, ќе иа доцнења на летовите од Скопскиот  Милано Молпенса 

Од Управата за хидрометеоролошки работи, пак, утринава соопштија дека се очекува да наврне поголема количина дожд, односно над 30 литри на метар квадратен, додека ноќеска во северозападните делови на земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, до 60 километри на час. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ