„Каде си ма мајче“: Родителите на загинатите деца од Кочани разочарани од адвокатите- „голем срам се“

Фото: Вангел Тануровски

Измешани чувства имаа родителите на трагично загинатите деца во диско шталата „Пулс“ во Кочани по завршување на провото рочиште од судењето. Од една страна задоволни од постапката на обвинителите, но од друга, пак, лути на бранителите на обвинетите.

По завршување на првото рочиште тие не ја криеја разочарноста и како што рекоа: „да беа ова нивни деца дали ќе бранеа убијци“.

-Сакаат уште еднаш да ни ги убијат децата, а и нас. Адвокатите дали немааат чувство за оваа голема трагедија? Како имаат лице да ги бранат убијците на нашите деца? Браво за обвинителите, а голем срам за адвокатите што ги бранат. Дали оние имаат деца дома? Дали така ќе размислуваат да се на наше место? Не посакуваме никој да е на наше место. Да ја почувствуваат нашата болка, со непроспиени ноќи и денови. Ние знаеме како поминувме. Ги чекаме напите деца секој момент да се појават и да ни речат: „Каде си ма мајче!“. Видовме луѓе без чувства. Во име на парата, корупцијата и богатствата што ги стекнаа, згаснаа нашите деца, рече Светлана Стојановска, мајка на трагично загинатиот Андреј Стојановски и додаде:

-Мојот син беше крводарител и прогрмер. Беше многу задоволен од животот. Кога застана на свои нозе, кога беше толку многу среќен што успеа и тој и не ете што се случи. Нека го слушнат крикот на мајките и нека се запрашааш што прават, рече тажно мајката.

И мајката на фудбалерот Андреј, кој исто така загина во пожарот ја искажа својата разочараност.

-Со постапката на бранителите денес нас буквално не убија. Но, добивме храброст од Јавното обвинителство. Млку не охрабрија. Па нашите деца не беа криминалци. Тоа беа добро воспитани деца. Беа полнолетни, а не млолетни. Сите талентирани. Отидоа на концерт да се збавуваат а не да ги убијат. Тогаш не бев во државава, син ми дошол вечерта во девет и изглегол. Не можев ниту да го видам. Последен пат тогаш го видов пред два месеци, беше фудбалер и не беше секогаш дома, рече низ солзи мајката мајката на фудбалерот Андреј Лазаров.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ