На последното рочиште Основниот суд Куманово нареди дополнително супрвештачење од Психијатриската клиника во Скопје за Ванглица Илијевска, која минатат година ги уби сопругот и свекорот во семејниот дом во Кратово.
Според адвокатот Кристијан Горгиевски со новото мислење треба да се остранат сите евентуални недоречености или пропусти како и можн различни правни квалификации кое одбраната го подготвила.
-Со огед дека на последното рочиште на предлог на ОЈО Куманово беше даден предлог за изготвување на супер вештачење за евентуално усогласување и расчистување на некакви спорни прашања поврзани со психофизичката состојба на обвинетата и нејзиното дејствување во кривично правиот настан, односно дали таа делувала во состојба на нужна одбрана или во силна афектива состојба и раздразнетост, од страна на Судечкиот совет е донесена одлука целиот предмет со сите вешти наоди, мислење и од страна на одбраната и од страна на обвинителството да бидат дадени на супер вештачење во Психијтриска болница- Скопје заради разјаснување на еветуалните спорни пршања. Со супервештачењето сметаме дека ОЈО Куманово ќе може да изврши друга правна квалификација во однос на оваа која трае до денес, а тоа е двојно убиство со умисла, со кое одбраната целосно не се согласува, вели Горгиевски и ги објаснува причините:

-Тие сметат дека делувала умислено во моментот на случување на кривичните дела, а одбраната смета дека делувала во услови на нужна одбрана со цел да отстрани до себе истовремен противправен напад од двајцата возрасни мажи. Досега и двете вештачења целосно негираат умисла на дејствие на обвинетата во поглед на убиство со умисла како што е првата квалификација, вели адвокатот.
Судењето за двојното убиство почна во јуни и досега речиси секој месец се одржуваат рочишта. Новото е закажано за трети фебруари идната година.
Горгиевски вели дека досега на рочиштата се сослушувале сведоци. За ова време Вангелица се уште е во домашен притвор кај нејзините родители, а децата се во Кратово, бидејќи со Центарот за социјална работа од Кратово одлучиле дека додека трае судскиот процес да не се врши дополнителен психолошки притисок на децата, однсоно да се заврши судскиот процес и потоа да се спои семејството.
-Мислам дека сите сведоци кои досега беа сослушани и од страна на обвинителството и на одбраната даваат целосно различна слика од она како што стои во обвинението. И сите сведоци се од сгтрана на одбраната, освен свекрвата, односно мајката на починатиот, која вели дека Вангелица била крива. Одбраната, со целосна доверба во Судскиот совет, е многу сигурна дека оваа квалификација „ двојно убиство со умисла“ нема да остане до завршен збор. Сведоци се нивните соседите, кои сведочеа дека биле сведоци на доаѓање на полиција, на Центарот за социјална работа, дека Вангелица многу често ја гледале со модринки, набиеници, нагмеченици и подливи, често ја гледале на тераса како плаче или по улица. И тие и нејзините роднини знаеле за тоа што се случувало во семејството, таа им се јавувала и им кажувала за малтретирањсето, дури и неколку пати бегала од Кратово во Скопје, но пак се враќала во Кратово и заради сопругот, но највеќе заради децата. Сведоците кажуваа дека кога и велеле „зошто го трпиш сето ова“, таа им одговарала: „морам, бидејќи нема да ми ги даде децата, јас сум сиромашна, немам што да правам и се ќе истрпам само заради децата“. Тоа го кажуваат и вештите лица во анамнезата во нејзиниот историјат на болести и соседите, а има и голем број писмени докази од страна на Основниот судот во Кратово каде се изречени времени мерки за семејно насилство, потоа анамнезата и целиот историјат на социјалното случување кој што го водел Ценгтарот, како и полициските службени белешки и поплаки за семејно насилтво во куќата на обвинетата, кажа Горгиевски.
Одбраната бара прекфалификација на обвинението, бидејќи како што и таа самата кажала во тој момент не можела поинаку да реагира.

-Вангелица е многу тажна заради тоа, смета дека во тој момент не можела поинаку да реагира затоа што се плашела за својот живот. Непосредно пред нејзините одбрамбени дејствија, сопругот ја туркал и ја гушел.Тоа е единствено што можела да направи во тој момент, за да не го загуби сопствениот живот, за да се спаси себе и децата. Нејзната социјална положба и статус можеби била преголема жртва за децата, но уверува дека немало друг начин како да постапи. Криво и е што децата живеат со тетката, но околностите тоа не го дозволуваат, но и децата се во позната средина, со нивни врсници во училиште и се надева дека кога ќе заврши постапката поворно ќе може да биде заедно со децата, рече Горгиевски.




