Малолетници силувале малолетнички, едниот громорозен чин снимен со камера

МВР иформира за две громорозни силувања од малолетници.

-На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12 – годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој  го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор. По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, иформираат од МВР и додаваат:   

-На 23.11.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријави дека на 04.10.2025 во Скопје, малолетник  извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ