Утрово, полицијата спровела неколку рации во Куманово во кои уапсени се поранешни високи функционери поради сомнение за злоупотреба на службена должност.
Медиумите, повикувајќи се на полициски извори велат дека се уапсени поранешниот министер за земјоделство Трајан Димковски и поранешниот директор на НП Агро-берза Ниметула Рамадани, како и уште еден функционер од ова министерство, кои се приведуваат под полициска придружба во полициската станица Гази Баба во Скопјe.
Канал77 се обрати до Министерството за внатрешни работи, од каде ни потврдија за акцијата, но повеќе детали најавија по завршување.
-Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност. Повеќе информации по завршување на акцијата, информираат од МВР.




