Денес во судницата во „Идризово“ продолжи судскиот процес за пожарот во диско шталата „Пулс“.
Родителите на загинатите и повредените и сега се присутни на рочиштето. Мајката на загинтиот Томас, Јулија Златкова за медиумите рече:
-Се надеваме дека судијката ќе го води случајот како и првиот пат. Таа и обвинителот ни даваат надеж . Повеќе од осум месеци живееме во агонија сега имаме искра надеж од неа и воведниот збор на обвинителот. Никој не растел дете за да стане херој туку човек, нашите деца ја платија цената на коруптивниот систем ја плаќаме цената со изгубените животи на децата. Насилно им ја прекинаа младоста и иднината бараме правда, обвинети со имиња и презимиња. Кој му помогна на монструмот во убиството, многу се неможам сите да ги набројам, рече пред медиумите Златкова.
Следете го блогот со најнови информации за судењето за Пулс овде.




