Ја тепал сопругата, а со шприц сакал во уста да и стави непозната течност – Уапсен монструм од струмичко

Фото: МВР

Лишен од слобода маж од струмичко, на сопругата и нанел повреди со остар предмет, а се обидел и со шприц насилно да и стави непозната течност во устата.

-На 26.11.2025 во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, иформираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ