Паралелно со судењето, марш во Кочани во сабота

Здружението „16 март 2025“ повикува на мрш викендов во Кочани.

-Паралелно со судскиот процес, ги повикуваме сите граѓани кои веруваат во човечноста и правдата да ни се придружат на 29 ноември(сабота) со почеток во 14:05 часот. Маршот ќ3е почне од паркот на револуцијата во Кочани.  Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство во име на оние што повеќе не можат да чекорат. Овој марш не е протест, туку мирен марш за правично судење, за да потсетиме дека зад секој “број” стои име, живот, семејство и болка. Нашата порака е едноставна, но длабока:  За нашите деца.  За Вистинска правда. За Македонија со совест. Да покажеме дек ова опшество нед молчи пред неправдата и дека постои народ што не се откажува од вистината, се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ