Грам негативни бактерии пронајдени во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае, велат од ИЈЗ

Фото: ИЈЗ

Во узорираниот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето, информира Институт за јавно здравје (ИЈЗ).

Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција добиле нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето.

-Бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен, и материјали за анализа се уште пристигнуваат, велат од ИЈЗ.

ИЈЗ во текот на денешниот ден одржа прес конференција и информираше за сите досега преземени активности од надлежните институции (АХВ, ДСЗИ, ЦЈЗ Скопје, Детска клиника) кои се во постојана комуникација и координација, како и за сите резултати од узорцираните примероци и од доставените материјали за анализа.

Во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае на 26 ноември голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби. Надлежните институции соопштија дека од кујната на основното училиште се земени мостри од храна, вода, брисеви од површини и вработени, кои се очекува да бидат познати во текот на денешниот ден.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ